Стефоска не е задоволна од исполнувањето на препораките од УНЕСКО во Струга

„Од никого не се плашам“, вака министерката за култура, Ирена Стефоска одговори на прашањето дали се плаши од градоначалникот Рамиз Мерко, по што, побара и одговорност за неспроведување на препораките од УНЕСКО. Сепак, министерката е задоволна бидејќи во Струга се уриваат платформи, иако не падна ниту еден дивоизграден објект на крајбрежјето. Смета дека откако таа повикала да им се одземат ингеренциите на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, тие постапуваат по препораките.

„По таа моја изјава, градоначалникот на Охрид, како и градоначалникот на Струга ги исполнуваат препораките. Илјадници метри квадратни од крајбрежјето, за првпат по многу години се спастрени. Тоа не значи дека во Струга не треба и не може да е подобро. Секој нека си ја понесе својата одговорност од должоста која ја има. Министерството за култура не е истражен орган“, рече Стефоска.

Министерката е запознаена и дека објектите на крајбрежјето во Охрид не работат, додека во Струга, иако без концесии, функционираат без никаков проблем

….
повеќе

Back to top button
Close