Стефоски: Ги демантирам наводите истакнати во денешната прес конференција на СДСМ како невистинити  

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски целосно ги демантира наводите истакнати во денешната прес-конференција на политичката партија СДСМ како невистинити, се вели во реакцијата на Општина Гази Баба по повод денешните обвинувања на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска која како што посочи, има основано сомнение за незаконско работење на градоначалникот на ВМРO-ДПМНЕ во Гази Баба.

-Лицето Добри Петров беше вработено лице во општина Гази Баба на работна позиција Советник во одделението за внатрешна ревизија на јавните установи од 2013 година.

За внатрешни ревизори можат да бидат назначени лица кои покрај општите услови утврдени со закон ги исполнуваат и посебните услови од членот 36 став 3 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола кои лицето Добри Петров во целост ги исполнува. СДСМ немаат познавање ниту на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, ниту на Правилникот за начинот на извршување на внатрешната ревизија и начинот на известување за ревизијата, велат од Општина Гази Баба.

„Ја упатуваме Богданка Кузеска од СДСМ да се информира од нивниот претходен градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски за тоа како за време на целиот негов мандат примал ревизорски извештаи на кој е потпишано лицето Добри Петров како овластено лице кое вршело ревизија во име на општина Гази Баба на јавните установи.

Во прилог на демантот доставуваме потпишани ревизорски извештаи од спроведена ревизија во периодот на мандатот на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ“, стои во реакцијата на општината.

Во реакцијата е потенцирано дека времето на СДСМ во општина Гази Баба завршило.

 

 

Back to top button
Close