Стерјовски: Бараме во албанското собрание да има гарантирани места и за малцинствата

Лидерот на партијата ,,Македонска алијанса за европска интеграција ,, во Албанија Васил Стерјовски , кој е и кандидат за пратеник од листата на владеачката Социјалистичка партија на престојните парламантарни избори во земјата кои ке се одржат на 25 април , изјави дека има реални изгледи тој повторно да биде пратеник во албанското собрание . Стерјовски за албанската телевизија ,, Сот 7 ,, рече дека ,, како досегашен пратеник барал но и ке бара и понатаму Собранието во Албанија да гарантира места за пратеници од редот на малцинствата,, бидејки тоа е најправедно застапување на малцинствата во законодавниот дом .

Старјовски говорејки за правата на македонците и другите малцинства во Албанија истака дека тие треба да се во рамките на меѓународните конвенции , и додаде дека треба да има застапеност на Македонците во локалните и централните институции во земјата . Исто така се потребни повеке инвестиции во регионите каде живеат Македонци , за што веке има најави од страна на македонската влада дека во општина Пустец да инвестираат одредени компании со што ке има и нови вработувања .

Запрашан во врска со билатералните односи на Тирана и Скопје , Стерјовски рече дека ,, Македонците во Албанија се мост на поврзување како на македонскиот и албанскиот народ така и на државите Македонија и Албанија,,.

Албанските медиуми во престрет на парламантарните избори оценуваат дека лидеорт на Македонците во Албанија Васил Стерјовски и покрај тоа што е на 12 последно место на листата на Социјалистичката партија , сепак полуотворените листи даваат реални изгледи дека претседателот на Македонската алијанса за европска иднина ке остане и понатаму пратеник во албанскиот парламент . Според нив тој и во досегашниот негов политипчки ангажман во Собранието но и други формиима силна подршка во изборната единица во Корча каде што гласаат и изборачите од општина Пустец .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close