Стеријовска: Она кога викаат историјата ќе каже

 

Irena Sterijovska 2 ч. ·

Она кога викаат историјата ќе каже, на ова мислат. Муабетот на Заев за шарена револуција покрај крајната несоодветност и ароганција сепак дава еден историски контекст кој низ годиниве навака е од многу страни оспоруван. Шарена револуција беше автохтоно граѓанско движење кое само по себе имаше интегритет, визија и креативност да оформи своја политичка артикулација, симболика и легитимитет. По логика на нештата ако претседателот на сдсм во приватен разговор зборува за шарена како фактор кој треба да се неутрализира понатаму со инкорпорирање во коалиција, тоа несомнено сведочи за неговата свесност дека ја нема контролата над тоа движење како што некои релативизатори, “исташи” и режимски креатори на јавно мислење сакаа да претстават. Исклучително интересно е како оние што до вчера ја едначеа шарена со сдсм, денес први прашуваат како ни се мајките? Ако смеам да одговорам и ним и на кандидатот за премиер Зоран Заев… Мајките ни се горди, горди на тоа што нивните деца имаа храброст прво да веруваат а потоа силно и искрено да се борат за подобро утре. Горди се оти кога почнавме тоа изгледаше како борба со ветерници а кога завршивме режимот беше паднат без изгубен човечки живот. Горди се на тоа што создадовме приказна која сега и во иднина ќе може да се користи како аргумент за силата на граѓанското организирање. На крај, горди се затоа што вакви изјави од едни политичари и оние другите од други политичари јасно покажуваат дека и како движење тоагш, но и како симбол сега сме трн во око за оние кои мислат дека апсолутната контрола им следува. Тоа е најголем доказ дека шарена е единственото движење во понова македонска историја кое застанало позади принципи а не позади човек или луѓе. Затоа другари, соборци, шамиони јас на ова се смеам гласно и со некое тивко задоволство, оти денес и едната и другата страна сосема ненамерно ја позиционира шарена револуција светлосни години далеку од себе. Да живее слободата! Да живее шарена револуција!

Ирена Стеријовска режисер и еден од водачите на шарената револуција

Back to top button
Close