Стеваноски: Цвеќето кое го положи Левица денеска беше фрлено од ДПМНЕ

Жаре Стеваноски, советник на Левица во Прилеп, обвини дека цвеќето кое вчера било положено од Левица на спомен обележјето на Могила на непобедените, денеска било фрлено од делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Утрово делегација на ЛО Левица Прилеп и Советниците на Левица полагајќи цвеќе на спомен обележјето на Могилата на непобедените по повод 11-ти Октомври во чест на жртвите против фашистичкиот окупатор, забележавме дека цвеќето кое вчера во пресрет на празникот беше положено од делегацијата на Левица беше фрлено на страна.
Значи, да повториме ВМРО-вчиња….
Во 1941-ва кога Вие сте фрлале цвеќе при дочек на бугарскиот фашистички окупатор во Прилеп, комунистите се оние чија пушка пукнала против окупаторот а во чиј спомен сега положувате цвеќе.
Цвеќето е вратено кај што му е местото, споменот ќе остане таму секогаш и никој па ниту вие не сте кадарни да го избришите, напиша Стеваноски на Фејсбук.
Извор: fokus.mk






