Стигнале обрасци за пасоши, но само за итна постапка
Граѓаните кои имаат термин за издавање пасош по итна постапка и лицата со медицинска потврда наскоро ќе добијат нови патни исправи. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека до нив стигнале 20 илјади обрасци.
Тоа значи дека во наредниот период пасош ќе има само оној што платил и три пати поскапо, останатите ќе чекаат.
Техничкиот министер решението за хаосот го гледа во Парламентот, бара пратениците да го изгласаат Законот за патните исправи кој е поднесен, како што помина и тој за возачките дозволи