Стипендии за студии на државните универзитети во Бугарија

 

Амбасадата на Република Бугарија во Скопје известува за можноста за добивање стипендии за граѓаните од Република Северна Македонија на државните универзитети во Бугарија, согласно Програмата за соработка во областа на образованието и науката потпишана од владите на двете земји на 22 март 2022.

Министерството за образование и наука објави дека се работи за  четири стипендии за редовни додипломски или магистерски студии на државните универзитети, со исклучок на студиите по медицина, уметности и спорт; пет стипендии за делумни, едносеместрални додипломски или магистерски студии, со исклучок на студиите по медицина, уметности и спорт;  стипендии до вкупно 27 месеци за магистерски обуки/специјализации со поединечно траење од два до девет месеци и три стипендии за докторски студии.

Бугарската страна ќе обезбеди: месечна стипендија во износ определен според законската регулатива на земјата домаќин; право за користење на студентските мензи и студентските домови под исти услови како за домашните студенти, како и здравствено осигурување за времетраење на студиите и школарина за студентите и за докторандите.

Меѓу условите кои треба да ги исполнуваат се просечен успех од најмалку 4,50 (за кандидатите за додипломски студии) и просечен успех од најмалку 8,50 за останатите кандидати.  Кандидатите не треба да бидат постари од 30 години за  магистерски студии и  35 години за докторски студии.

Информации за бугарските високообразовни институции се достапни на интернет-страницата: https://rvu.nacid.bg Рејтинг-системот на бугарските високообразовни институции може да се најде на  https://rsvu.mon.bg Потоа кандидатите треба да го изберат факултетот и научните области кои сакаат да ги студираат и правилно да ги пополнат и поднесат документите.

Информации за документите што треба да ги поднесат и начинот на конкурирање се достапни во објавата на МОН, како и формуларот за аплицирање. Крајниот рок за поднесување на документите е 10 август 2022.

Прелиминарниот избор ќе го направи комисија при Министерството за образование и наука и доколку има потреба таа може да организира интервју со кандидатите

Back to top button
Close