Стиснете му лајк на Митко Јанчев,сака да биде „Маж на годината“.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев е еден од кандидатите на овогодинешниот избор за „Маж на годината“, а тој очигледно многу ја посакува титулата, со оглед на тоа дека спонзорира објава на Фејсбук во која бара поддршка од граѓаните во натпреварот.

Кликнете овде и притиснете лајк за да гласате. Започнува гласањето за наградата Маж на Годината за 2022 година според социјални медиуми“, пишува во спонзорираната објава на градоначалникот-кандидат за „Маж на годината“.

Изборот за „Маж на годината“ го организира магазинот „Џентлмен“, а годинава, покрај Јанчев, во конкуренција за наградата, меѓу другите се и: шоуменот Игор Џамбазов, директорот на болницата „Плодност“, д-р Таше Трпчевски, музичарот Дуке Бојаџиев, дизајнерот Игор Пачемски, актерот Александар Микиќ, кошаркарскиот тренер Александар Петровиќ, пијанистот Симон Трпчевски

Back to top button
Close