Стојаноска од Лешок: Време е да си ги вратиме честа, достоинството и гордоста

Носителот на изборна единица 6, Дафина Стојаноска го посети споменикот на загинатите од 2001 година Лешок при што посочи дека по 15-ти јули со победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат честа, достоинството и гордоста на граѓаните на Република Македонија.
– Жртвите низ историјата на Македонија, како и народот во неа и неговата иднина не се на продажба. Жртвите од пред 19 години како Ѓоко Лазаревски од Лешок ќе останат наша вечна лузна и спомен на еден од потешките периоди на современата македонска историја. Тие жртви се дадоа за наше подобро утре. И сега се наоѓаме пред избор меѓу подобро утре или повторно лаги. Подобро утре или ова модерно ропство на Заевиот хибриден режим. Јас нема да изберам да бидам роб во сопствената држава и да потклекнам на срамните политики на Заев, истакна Стојаноска.
Од славниот Лешок, таа порача дека кандидатите за пратеници од Изборна единица 6 се обврзуваат дека ќе ја исправат неправдата, се обврзуваат, нагласи, дека ќе ја исправат Македонија.
– Време е да се врати честа, достоинството и гордоста, рече таа.