Стојаноска: Ветуваме гасификација на Гостивар и на цела Македонија

Циглана важи за бастионот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Бастион затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема изгубено во Циглана. Така ќе биде и овој пат на 15 јули, порача носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6 Дафина Стојаноска денеска во гостиварската населба Циглана каде се обрати на граѓаните на Гостивар.

-Жителите на Циглана велат не само што се патриоти туку затоа што овој пат се локал патриоти и ќе го заокружат бројот 14 не само заради носителот на листат кој што е од Гостивар туку затоа што на нашата листа на првите добитни места се наоѓаат токму гостиварчани и сите заедно се обврзуваме дека ќе ја вратиме вербата во честа и достоинството и ќе ја обновиме Македонија, рече Стојаноска.

Таа нагласи дека на изборите ќе се избира меѓу проф. д-р Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

-Во нашата програма со 1.000 проекти ви ветуваме и стоиме на зборот дека ќе ги зголемиме платите за 20 проценти. Пензиите ќе ги зголемиме за 25 проценти. Ветуваме силна економија, изградба на модерна инфраструктура. Таа е потребна за обнова и на економијата и стопанството и индустријата. Ветуваме целосна гасификација како на Гостивар така и на цела Македонија. Така ќе инвестираме во екологијата и во иднината со тоа што ќе ги заштитиме шумите на Шар Планина од дивите сечачи, истакна Дафина Стојаноска и ги повика гостиварчани на изборите на 15 јули да излезат во голем број, со лична заштита и да го заокружат број 14 за обнова на Македонија.

Back to top button
Close