Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на корупцијата и криминалот, доаѓа обновата на правосудството

Носителот на листата во ИЕ6 Дафина Стојаноска денеска од Гостивар ги потсети граѓаните за правото и правдата кои беа ветени, а не оставрени, и како што рече, на хибридниот режим кој настапи во Република Македонија изминатите три години.

Стојаноска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма има точно утврдени проекти и мерки преку кои ќе го врати на здрави нозе правосудниот систем во државата.

-Правосудниот систем ќе се темели врз демократија, на беспрекорна примена на владеењето на правото во државата, борба со корупцијата и неутрализирање на сите системски аномалии кои ги има во правосудството. Македонскиот народ мора да биде еднаков пред институциите и секој подеднакво да одговара пред законот за секое сторено дело. На граѓаните на Република Македонија мора да им се овозможи еднаквост и можност за системска поддршка на слободата и правата, порача таа.

ВМР0-ДПМНЕ, додаде Стојановска, се обврзува дека наместо, како што рече, измами ќе донесе вистинска обнова, а, наместо криминал, корупција и рекет, ќе воспостави вистинска правда во Република Македонија. сст/

Back to top button
Close