Стојаноска: Време е да си ги вратиме честа, достоинството и гордоста

 Носителка на изборна единица 6, Дафина Стојаноска денеска го посети споменикот на загинатите од 2001 година Лешок при што посочи дека по 15-ти јули со победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат честа, достоинството и гордоста на граѓаните на Република Македонија.

Стојаноска посочи дека денеска сите ние имаме обврска кон децата кои што своите татковци ги гледаат само на фотографии, кон нивните мајки, кон нас и на нашите поколенија. Сите ние имаме обврска Македонија да ја направиме пристојно место за живеење.

– Ние се обврзуваме на сето ова. Жртвите низ историјата на Македонија, како и народот во неа и неговата иднина не се на продажба. Жртвите од пред 19 години како Ѓоко Лазаревски од Лешок ќе останат наша вечна лузна и спомен на еден од потешките периоди на современата македонска историја. Тие жртви се дадоа за наше подобро утре. И сега се наоѓаме пред избор меѓу подобро утре или повторно лаги. Подобро утре или ова модерно ропство на Заевиот хибриден режим. Јас нема да изберам да бидам роб во сопствената држава и да потклекнам на срамните политики на Заев, истакна Стојаноска.

Стојаноска порача дека кандидатите за пратеници од изборна единица 6 се обврзуваат дека ќе ја исправат неправдата и дека е време да се врати честа, достоинството и гордоста.

 

Back to top button
Close