Стојанов: Ниту сум дозволил, ниту сум забранил отворање приватен македонски клуб во Благоевград

Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов за бугарскиот весник „24 часа“ изјави дека ниту издал дозвола, ниту забранил отворање на приватен македонски културен клуб. Тврди дека ако некој шпекулирал за неговото име и за градоначалничката институција, тоа било лага.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, овој настан, според Стојанов, немал никаква врска со општината и нема врска со него.

– Група луѓе изнајмиле соба од приватно лице и решиле да направат клуб. Општина Благоевград нема да го официјализира овој приватен настан, коментира Стојанов и додава дека добил покана за нејзино отворање, но нема да оди.

Повод за коментарот на градоначалникот на Благоевград е информацијата објавена од нерегистрираната ОМО „Илинден“ – ПИРИН дека отворањето на македонскиот клуб официјално го дозволил градоначалникот на градот, забележува „24 часа“.

 

Back to top button
Close