Стојановска до Џафери: Вие ме третирате како забавувачка во кабаре
Денеска во Собранието на Македонија се одржува седница за интерпелацијата на спикерот Талат Џафери.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска кажа дека ако сакаме да ја споредиме работата на претседателот во Собранието, тогаш тоа е како чаша пиво кога ќе се преполни и ќе претече.
„Џафери се изживува со пратениците од опозицијата. За мене зборуваше со потсмев, како да сме на излет во планина или како да сум забавувачка во некое кабаре. Да го прогласиме Џафери за женомрзец“, кажа Стојановска