Стојчевски: Под казна ме префрлија на 100 км подалеку од моето работно место
Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Сточјевски, денеска на прес-конференција обвини за класичен партиски реваншизам и притисоци врз младите во институциите.

Сточјевски изјави дека лично се соочил со рестриктивни мерки поради неговите јавни политички ставови и критички однос кон извршната власт.
„Криминалната организацијата на власт сака да ме замолчи мене, да ги замолчи младите, да ги замолчи сите што гласно зборуваат. Под казна ме префрлија на 100 километри подалеку од моето работно место. Само затоа што гласно зборувам за ова најнеспособна Влада предводена од Христијан Мицкоски“, рече тој.
Според него, ваквиот однос не е изолиран случај, туку појава со која секојдневно се соочуваат голем број млади професионалци во државниот сектор.
„Класичен партиски реваншизам што секојдневно се спроведува низ институциите. Не само врз мене, ова не е моја лична приказна, ова е секојдневие на многу млади во Македонија. Тортура и притисок на работа од страна на Организираната криминална група ВМРО врз стотици млади луѓе, само затоа што не се нивни слепи послушници“, истакна Сточјевски.
Лидерот на младите на СДСМ додаде дека реваншизмот ги погодува сите профили на млади кадри кои одбиваат партиска послушност.
„Денес сум јас, утре е друг, млад службеник, наставник, лекар или млад човек кој има храброст да мисли со своја глава. Ги казнуваат сите што размислуваат поинаку, зборуваат гласно и не се покоруваат на партиските притисоци на Христијан Мицковски“, подвлече претседателот на СДММ.
Тој упати отворен повик до јавноста за заеднички отпор против политичките притисоци во работите средини.
„Младите нема да молчат пред ваквите злоупотреби. Испраќаме јасна порака до сите слободоумни граѓани – придружете ни се! Заедно да им се спротивставиме. Ние сме вашиот глас, на обесправените, на неправедно казнетите, на сите кои се под политички притисок“, порача Сточјевски.
На крајот од обраќањето, тој потенцираше дека приоритет мора да биде градењето на професионален систем кој ќе го спречи иселувањето на младите.
„Да се избориме за систем. Младите да не заминуваат. Македонија да биде држава во која работното место зависи од професионалноста, а не од партиската книшка. СДММ ќе продолжи гласно да се бори против секоја неправда и против секој обид за заплашување на младите и на сите граѓани. НЕМА ДА МОЛЧИМЕ! Младите победуваат! Наша држава, наша шанса!“, заклучи Сточјевски





