Стоев: Очекуваме конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев во однос на европската интеграција на Северна Македонија, изјави дека позицијата на Бугарија е јасна, доследна и предвидлива и таа не е променета, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија се раководи од Рамковната позиција и Декларацијата на Народното собрание од октомври 2019 година и оти 85 отсто од граѓаните ја поддржуваат таа позиција.

-Бугарија секогаш покажувала волја за конструктивен и прагматичен дијалог со Скопје. Ќе продолжиме да работиме на обновувањето на довербата, рече тој.

Бугарскиот министер додаде дека очекуваат правни гаранции за почитување на Договорот од 2017 и конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение на прашањето.

Стоев додаде и дека Бугарија отсекогаш ја поддржувала европската перспектива на земјите од Западен Балкан и како земја од регионот разбира дека патот кон ЕУ е најсилниот фактот за демократија.

Back to top button
Close