Стоилковиќ ја поддржа власта во Србија ги нападна студентите

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, на социјалните мрежи објави поддршка за власта во Србија, по денешните драматични случувања во тамошниот Парламент, во кој беа повредени неколку пратенички. Стоилковиќ објави фотографија од поранешниот српски премиер Милош Вучевиќ во посета во болница на една од повредените парламентарки, заедно со коментар во кој повикува да се запре „обоената револуција“.

„Секогаш има такви кои го изгубиле своето достоинство и самопочит, а други, како Милош Вучевиќ, кои го имаат и го сочувале и во најтешките моменти. Наше е да веруваме, со доверба во Бога, во смислата на историјата на српскиот народ и човековото постоење. Запрете ја обоената револуција!“, напиша Стоилковиќ.

Во коментарите на објавата, тој поконкретно ја нападна српската опозиција.

„Од каде опозицијата ги собра овие напростачки финти? Па, не сте на стадион, не ви е ова натпревар. Пробивање на дното! Брука!“, напиша Стоилковиќ.

Во Српскиот парламент денеска се случија инциденти откако опозицијата, незадоволна од усвоениот дневен ред, фрлаше факели, чадни и шок-бомби во салата.

Back to top button
Close