Стоилковски: Чиј е мутираниот глас кој му се заканувал на Дуковски дека ќе го убие и него и Боки 13?

 

Кој му се заканува на Сашо Дукоски, адвокатот на Боки 13, додека истиот дава исказ пред  Јавен обвинител, откако пред само неколку дена на суд рече дека парите од рекетот завршиле кај Зоран и Вице Заеви праша на вонредна прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНе Наум Стоилковски.

– Кој се плаши од исказот на Боки 13 и неговата содржина, за преку телефон, додека истиот е на суд со неговиот адвокат, да ѕвони од непознат број и со мутиран глас да се закани на адвокатот со зборовите: „ќе те убиеме и тебе и Боки, пазете што зборите“. Настанот како што пишуваат медиумите се случил пред јавен обвинител и истиот е документиран и е влезен во записник и кривична пријава – рече Стоилковски.

Според него, ова е директна закана за убиство и е кривично дело. Тој го повика јавното обвинителство веднаш да постапи согласно надлежностите и да ги открие заканувачите.Стоилковски праша дали продолжувањето на исказот на Боки закажан за 7 јули е оставање простор да се влијае врз Боки 13.

 

 

Back to top button
Close