Стоилковски потврди дека родителите на Мицковски имаат ковид и се во Систина

Од болницата каде што се примени на лекување родителите на Мицкоски не ја потврдуваат информацијата, повикувајќи се на Законот за заштита на лични податоци, но портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во изјава за Плусинфо потврди дека и двајцата родители на Мицкоски се позитивни на ковид-19. – За жал, можам да потврдам дека мајка му и татко му на Христијан Мицкоски се позитивни на ковид-19. Двајцата се хоспитализирани, а во однос на Христијан, тој не бил во контакт со своите родители. Како и да е, тој редовно се проверува и од секое тестирање добива негативни резултати. Тој апсолутно внимава и ги почитува препораките – изјави Стоилковски за Плусинфо.мк

 

Back to top button
Close