Стоилковски: Владата донела одлука врз основа на договорот меѓу Заев и контроверзниот Дака

Владата на СДСМ на 115 седница, на 15 јануари 2019 година, разгледала информација за ШИК Јелак. Како 120 точка била разгледувана информација за имотот од стечајната постапка од должникот ШИК Јелак АД Тетово, со предлог одлука за давање согласност. Владата контролирана од Зоран Заев ја усвоила информацијата и донесена е одлука за давање согласност со подавка, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Сега знаеме дека Владата донела одлука врз договореното со Дака, меѓу Зоран Заев и Дака, со присуство и на Драги Рашковски, за што Заев и Рашковски наплатиле 300.000 евра и договориле да земат 2.000 квадратни метри плац во центарот на Тетово – рече тој.

Стоилковски го повика Заев да каже колку пати, каде и кога се видел со Миодраг Давидовиќ Дака? Колку средби имал со Дака сам, а колку со Драги Рашковски. На која средба биле договорени 300.000 евра дадени за референдумот? Како завршиле тие пари? На истата ли средба барал 2.000 квадрати за бензинска пумпа во Тетово? Зоран Заев мора пред надлежните институции да даде одговор на овие прашања.

– Ова е парцелата во Тетово, ШИК Јелак, за која Зоран Заев зел 300.000 евра за финансирање на референдумот, а барал и зел 2.000 квадрати за себе, за бензинска пумпа или што и да имал на ум, така вели Миодраг Давидовиќ Дака, контроверзниот бизнисмен во снимка објавена на социјалните мрежи. Дака самиот кажува како со Заев договарал да го добие просторот на Шумарско индустрискиот комбинат Јелак во Тетово. Спроведувач на зделката бил Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата! Целата парцела е голема неколку илјади метри квадратни и се наоѓа во непосредна близина на центарот на Тетово! Дака е снимен кога е нервозен затоа што договореното со Заев уште не е завршено, па откако кажува дека дал 300.000 евра, вели „И јас да дознам пред недела дена од Рашковски, дека сега треба да вршат процена на ШИК Јелак после три години. Ми ветивте за 7 дена ќе ми кажете колку чини остатокот од ШИК Јелак“, прашувајќи и констатирајќи дека му било ветено! – потсети Стоилковски.

Back to top button
Close