Стоилковски: Заев покажа дека е подготвен да ја плати секоја цена за да остане на влас

Претседателот на СДСМ во заминување, Зоран Заев, и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, денеска го официјализираа постигнатиот договор помеѓу двете партии

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу СДСМ и Алтернатива во Владата, посочи дека очигледно Алтернатива одлучила да стане коректор на искривените вредности поради одлуката да и се приклучи на Владата.

Стоилковски ги повика и останатите политички партии да реагираат на новата коалиција помеѓу Алтернатива и СДСМ, а упати и критики кон премиерот Зоран Заев.

„Од друга страна Заев покажа дека е спремен да ја плати секоја цена само за да продолжи со крадењето, тендерите и разградувањето на државата. Но и денес СДСМ станува партија на многу проблеми и денес  Заев е повеќе од порано заложник на Али Ахмети и на ДУИ“,изјави Стоилковски.

Претседателот на СДСМ во заминување, Зоран Заев, и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, денеска го официјализираа постигнатиот договор помеѓу двете партии и потпишаа договор за влегувањето на Алтернатива во парламентарното мнозинство и Владата.

Back to top button
Close