Стотици граѓани на Цетиње палат свеќи во чест на нивните 12 сограѓани (ФОТО)
Цетиње за само две години го потресоа две страшни трагедии. Граѓаните вечерва им оддаваат почит на жртвите од масовното убиство во кое животот го загубија 12 лица.
Пред споменикот на вилата во Цетиње од 17 часот почна палењето свеќи за трагичните жртви од вчерашниот масакр, објавија црногорските медиуми.
Собирот за поддршка на семејствата на жртвите го организираа членовите на семејствата на жртвите во август 2022 година во населбата Медовина, објави Телеграф.
„Ги споделуваме нивните рани и ќе направиме се за да не биде залудна жртвата на членовите на нивните семејства, но и нашите“, се вели во мејлот испратен до Радио Цетиње