Стотици илјади морнари се заробени на бродови поради пандемијата

Државите мораат да преземат чекори за да дозволат речиси 200.000 морнари кои се задржани на бродови да се вратат во своите домови поради ограничувања во борбата против пандемијата, соопшти Меѓународната организација на трудот.

Тие наведуваат дека морнарите се исцрпени и се соочуваат со ментални проблеми, затоа што тие се на бродови четири месеци откако требаше да ја завршат својата работа, јави ДПА.

„Таквата состојба го загрозува нивното здравје и безбедноста на поморскиот сообраќај. Потребна е акција за да се обезбеди пристојна работа на морепловците, да се избегнат поморски несреќи и катастрофи во животната средина“, рече Гај Рајдер, генерален директор на таа организација.

Исто така, нови морнари не можат да ги заменат колегите, поради забраната за замена на екипажи, што е на сила за да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Владите треба да ги означуваат морнарите како работници чија работа е неизбежна во пандемија, да им дозволат да се вратат дома безбедно и да ги заменат со нов екипаж, додаде Рајдер.

Back to top button
Close