Стотици полицајци спроведуваат рации во Берлин поврзани со исламистички тероризам

 Германската полиција рано утрово изврши рација во 20 куќи и компании во Берлин, под сомнение за поврзаност со исламистички тероризам, јави новинската агенција ДПА.

Во рацијата се ангажирани околу 450 припадници на полицијата.

Берлинското обвинителство објави на Твитер дека се издадени 20 налози за претрес за 12 осомничени кои „припаѓаат на исламистички групи“ и се осомничени за „разни злосторства, вклучително и финансирање на тероризам“.

Најавени се повеќе информации во текот на денот.

Back to top button
Close