Страшен општествен абортус

Кај нас, полесно се станува шеф на владата отколку во титовата Југославија шеф на железничка станицата. Тогаш, барем за управување со возови било потребно лекарско уверение, додека тука и за управување со државата не се бара ништо!

Водачот на индиската независност, Махатма Ганди, студирал на англиски колеџ, каде што професор по име Питерс постојано го омаловажувал на раснa oсновa. Еднаш, пред сите, го прашал: „Кажи ми Ганди, ако одејќи по пат наидеш на торба полна со ум и торба полна со пари – која ќе ја земеш?“ Ганди, без многу размислување, рекол дека би ја земал торбата со пари. На ова професорот со одбивање додал – „Ех, јас би ја земал торбата со ум.“ „Секако“, – додал Ганди – „секој си зема она што немa“!

А нам ни недостасуваат и двете. И парите и умот. Kај нас вообичаено – ниту волкот сит, a ниту овците на број! Планирано вжештување меѓуетничка атмосфера се заканува сериозно да ја уништи и последната надеж за траен соживот во ова држава. Дури и од најумерениот дел од населението се почесто се слушаат зборовите – „изгледа дека не нè бива“. Тоа е знак дека последната надеж за заедништво е во фаза на умирање. На економски план, и оваа власт е неписмена како и бројни претходни. Цел свет се движи напред, дури и една бедна Африка и Латинска Америка стасаа до економски бум, а кај нас единствено што покажуваат прогрес се: злото, национализмот, криминалот, омразата, бришењето двојазични табли, формулари, наслови и транспаренти. Алал да им е! Тие не знаат дека ваквите постапки ја прават секоја наредна година побезнадежна од претходната.

Штом во општеството е создаден амбиент за долгорочни суб-стандарди, за да можат да владеат луѓе со потпросечен капацитет, стана јасно дека границата меѓу почетокот и крајот е близу, а иднината предалеку. И штом немавме капацитет тоа да го спречиме, тоа е доказ дека сме тежок општествен и културолошки абортус. Нејзино санирање е скоро невозможно за пола век, освен ако се случи некаков државен удар од идеалисти кои сè помалку ги има. Во бројни африкански и латиноамерикански држави, идеалисти тоа го сториле, одземале имоти, криминалците ги ставиле по затвори и ја спасиле државата. Бидејќи кај нас тоа е скоро невозможно поради меѓуетнички колективни манипулации, единствената надеж за спас ни беше европскиот интегративен пат, кој имаше шанси полека да нè реформира и оспособи, или во најмала рака да го попречи тој отворен општествен бандитизам во државата. Но, и тоа сега го шутнавме, пак со огромна лага за некакво „достоинство“ и „идентитет“ и бројни слични измами, сè со цел грст луѓе од криминалот да се докрајчи тоа што остана од државата, а со тоа и иднината на сите невини деца и млади.

За некакво еволутивно санирање на сегашните состојби потребно е двојно повеќе време, а тоа време веќе го немаме. Сега од небо се гледа дека ја уништивме иднината на нашите деца, поради евтино продадените души (на нивните татковци). А „овците“ нека продолжат да блеат по стадиони за „смртта на шиптаите“ и „на каурите“! Така најлесно ќе го забрзат процесот на докрајчувањето на државата, а и својата иднина! Само така ќе добијат аплаузи од ограбувачите и уништуцачите на држава за која ронат крокодилски солзи, а полнат длабоки кенгурски торби. Кај нас, готово сите тешки општествени девијации, од денационализација, приватизација, пазарни монополи, царински криминали, партизирање на општеството до лудило, уништување на мерит-системот, па сè до уривање на главниот столб – образованието.Тоа се прави со вешто маскирање на вредностите. А зад такви маски се крие грдото лице на водачите на организираниот криминал. Цврсто прегрнат од власта. Со домашни криминални олигарси кои држеа и продолжуваат да држат во скут секоја власт, народот е во дното, и е гурнат во гола омраза. Башка што за пет изминати години ни се случија три големи несреќи – една глобална пандемија и две стратешки регионални војни (Украина и Блискиот исток), а и безброј внатрешни проблеми намерно создадени со цел луѓето да се убедат дека – подобро ужасен крај отколку ужас без крај. А познато е дека за да налутите искрена личност потребно е да ја лажете, но за да налутите нарцис, треба да му ја кажувате вистината.

 

Обезвредени вредности!

Сега кај нас, полесно се станува шеф на владата отколку во титовата Југославија шеф на железничка станица. Тогаш, барем за управување со возови било потребно лекарско уверение, додека сега тука и за управување со државата не се бара ништо! Ни знаење, ни вештина, ни совест, ни морал, а богами често ниту многу мозок! Нашата држава не ја водат добри пчели туку лоши муви. Пчелите наоѓаат цвеќиња и по депонии, а мувите и во најубавата градина го наоѓаат најгрдото. Влегуваме во четвртата деценија од осамостујувањето, а државата ни станува сѐ по заробена, сѐ по назадна, и сѐ по поделена, и секако сѐ по,празна! За 30 години тој „лош“ Тито од една распадната Југославија направи Германија! А ние обратното. Едни празни „патриоти“ многу се пополнија од нашата празнина! Башка, докажаа дека никој не е толку празен како некој што е полн со своја празнина.

Ова што се случува сега (како хаос, како блокирање, како скандирање), ме враќа 35 години наназад кога луѓето по прв пат се соочија со плурален амбиент и правење независна држава. Тогаш при секој обид да се разговара за темелите на идната држава, се наидуваше на фаталистички и апокалиптички ставови. Беа загубени златни години, оти политичарите цело време наместо за општ развој, се напреваруваа во голите етнички прашања полн со лажен патриотизам зад кој се маскираше нивната неспособност да ја унапредат државата, а и нивниот почетен криминал. А тогаш луѓето уживаа во слатките лаги. А за многу луѓе, слатката лага вреди многу повеќе од горчливата вистина. Но, и некако тешко сфаќаме дека подобро е да те тепа вистината отколку да те милува лагата.

И ден денес, меѓуетничките теми продолжуваат да бидат топ теми, иако јавноста видно е променета, ама манипулативниот капацитет на ситните политичари перманентно е во прогресивен развој. Иако кај обичниот човек видно постои некаква култура, кај постојните политичари владее голема некултура. Можеби токму црните крупни пари создадоа толку многу црни и ситни политички души. Сеуште се сеќаваме на изјавите на поранешниот вмровски лидер (Груевски): „Бланко ви даваме поддршка за коалиција без Албанци“! А претходно го видовме вмровскиот „патриотизам“ токму со фингираниот „кумановски конфликт“!

Наредното вмровско апокалиптичко предупредување беше референдумот за територијална поделба. И тука имаше „предавства„ „федерализации“ и „поделби“. За жал, на почетокот секогаш лагата знае да излезе на површина а вистината да тоне во длабочина. Тогаш, со лаги еден дел од населението беше прогласен за туѓо, непожелно и опасно. Пото, за релативно кратко време лагата излезе на површина.

Слично беше и со донесувањето на Законот за јазиците, кога ситуацијата сè повеќе наликуваше на макрокомедија и микротрагедија во исто време. Стана јасно дека колективната свест на луѓето и колективните груевистички манипулации се движеле во спротивна насока. Македонија и нејзините граѓани не се загрозени едни од други, туку од нивни апокалиптични водачи.

Со Мицковски, земјата лесно може да заврши во бездна. Тука нема повеќе некаков опортунитет, правда, принципи и рамнотежа. А странците се премногу уморни за да се занимаваат со Македонија. Едноставно тие не можат да ја спасат колку што нашето раководство може да ја удави. Странците, веќе не трошат енергија за тоа што ќе се случи тука, а велат дека опасноста за државата поради нејзини врски со српскиот свет е во кулминација. Така е кога наместо просто неверојатни ние често знаема да избираме неверојатно прости! И потоа добиваме власт како под казна!

Мерсел Биљали

 

Back to top button
Close