Страшна вест од Франција: Поранешен репрезентативец избоден со нож!
Страшна вест пристигнува од Франција каде што поранешниот фудбалер, Даниел Конгре се бори за живот откако бил избоден со нож.
Конгре во кариерата собра над 500 настапи во Лига 1, а во инцидентот кој се случил во Монпелје околу 19 часот се здобил со убодна рана во срцето. Итно бил пренесен во болницата во Монпелје и според информациите во овој момент е во стабилна состојба.
Засега причините за инцидентот не се познати. Во кариерата Конгре во Франција беше дел од Тулуз, Монпелје и Дижон. Зад себе има и четири натпревари во Лигата на шампоните со Монпелје.
Исто така за репрезентацијата на Франција до 21 година има седум настапи, а денес работи како спортски кординатор во Лион.
Извор: Слободен печат