“Стратешкиот договор наредната недела во кабинетот на Черчил ќе имам чест да го потпишам јас” се пофали вицепремиерот Николовски

Вицепремиерот и министер за транспорт за Сител откри дека тој и владата долго, уште кога биле опозиција, преговарале за овој договор со “втора светска сила, каква што е Велика Британија”.

За заемот од 6 милијарди кој го одобриле англичаните допрва ќе смислувале проекти за кои ќе потрошиме пари од кредитот за чија камата се уште се преговара, ама знаел дека ќе биде историско ниска, со услови какви ни една земја од регионот и пошироко не добила.

Брзата пруга Табановце – Скопје за патнички и карго превоз проценува дека ќе нè чини околу 1,7 до 2 милијарди ама не е конечно прецизирано. Со таков воз од Скопје до Атина ќе сме патувале 4 часа, а од Скопје до Белград 2 часа и 15 минути.

Ги наброја и дограбата на болниците во Штип, Тетово и Кичево и  нагласи дека нема да биле како претходните власти кои почнале ама не довршиле.

Прашан кои се другите проекти од заемот бидејќи сумата е голема тој рече дека засега се тие ама имале идеи и проекти ќе разработеле, важно се обезбедени пари. Николовски се пофали дека идната недела патува во Лондон каде ќе има чест да го потпише договорот во кабинетот на Черчил кој токму од тој кабинет командувал во втората светска војна што било знак колку голема важност му дава Велика Британија на овој „историски договор“.

Тој за Сител на прашање околу вревата за сместување на мигранти, по изјавата на Рама дека во никој случај не би дозволил кампови на територија на Албанија и таков договор одбил да потпише, одговори дека не сака да одговара на шпекулации, изјавата на Рама ја оцени како “несреќна” и додаде дека најдобар одговор денеска на пресот дал амбасадорот на Велика Британија кој демантирал кампови односно кажа дека договорот опфаќал заедничка полициска соработка помеѓу двете држави кои ке се справувале со мигрантите и криминалот и корупцијата.

Тој истакна дека во времето кое ни следи ке ја информираат јавноста за новите проекти кои ќе ги реализираат од заемот од 6 милијарди кои ни ги овозможил новиот стратешки партнер Велика Британија.

 

Back to top button
Close