Страв од „кризен“ раст на цените на електричната енергија

Ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100% сме во хармонизација со Европската Унија, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во емисија „200“ на ТВ Алсат-М.

Како што објави телевизијата, Османи рекол дека конфликтот помеѓу Украина и Русија нѐ наоѓа во поинаква ситуација бидејќи сме членка на НАТО, и дека од овој конфликт требало да се стравува уште пред две години, кога не бевме дел од Алијансата.

„Руско-украинскиот конфликт ќе влијае на гасот и нафтата, и во Европа ќе има зголемување на цените. Исто така, сакам да додадам дека ние како држава сме дел од санкциите на ЕУ кон Русија и 100% сме во хармонизација со Европската Унија“, изјавил Османи.

Во моментов ретко која се впушта во шпекулации околу натамошниот развој на руско-украинската криза, но реални се стравувањата дека и без радикализација на состојбите на теренот таа може негативно да се одрази врз глобалниот економски раст, трговијата и цените на енергенсите.

Удар врз цената на електричната енергија

Како тоа би се одразило врз Северна Македонија? Министерот за финансии, Фатмир Бесими, завчера не сакаше да шпекулира за овие прашања, но за МИА изјави дека кризата меѓу Украина и Русија може потенцијално да донесе влошување на европските пазари.

„Тоа зависи од импактот врз пазарите во Европа во делот на енергенсите, што веќе се почувствува. Може да биде полошо ако нешто се случи, ако ескалира ситуацијата и врз цените. Зависно во која насока ќе бидат импликациите, може да има евентуален недостаток на енергија, но тоа сега за сега останува шпекулативно сценарио“, рече Бесими.

Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, не верува дека руско-украинската криза ќе влијае во делот на рестрикции, но смета дека е можно да влијае на цената на електричната енергија.

„Во делот на сигурно и континуирано снабдување со електрична енергија посебно за домаќинствата, но и за стопанството, не верувам дека ќе имаме некој проблем и не очекуваме да има никакви рестрикции. За жал, кризата би можела да влијае во делот на цените на електрична енергија, имајќи предвид дека само денеска имаше сериозно зголемување на цената на берзите во споредба со претходните денови, а посебно на ХУПЕКС берзата“, рече вчера Бектеши.

А развојот на настаните околу цените на енергенсите станува сѐ попредвидлив. Откако германската влада како прва санкција за Русија одлучи да го запре одобрувањето на гасоводот „Северен тек 2“ кој требаше да пренесува гас од Русија до Европа, поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитри Медведев, ваквата одлука ја искоментира на Твитер.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц нареди да се запре сертификацијата на гасоводот Северен тек 2. Па, добредојдовте во еден нов свет, каде што Европејците набргу ќе платат 2.000 евра за 1.000 кубни метри природен гас“, порача Медведев.

Индиректни ефекти

Потенцијалните негативни ефекти за Северна Македонија не мора да бидат директни, но секако ќе бидат индиректни доколку гееполитичките случувања го забават глобалниот економски раст.

„Директната изложеност на нашата кон руската и украинската економија е мала и оттаму не се очекуваат позначителни директни ефекти“, оцени деновиве гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежовска.

„Сепак, доколку дојде до забавување на глобалниот раст, а особено растот на ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер, тоа може да има одредено неповолно влијание и на динамиката на растот на домашната економија. Трговијата со Русија и Украина учествува со само два отсто во вкупната трговска размена на нашата земја. Финансиската изложеност е многу мала, додека странските директни инвестиции од овие економии изнесуваат само 0,5 отсто во вкупните и не се присутни во финансискиот сектор. Само 0,1 отсто од дознаките доаѓаат од Русија и Украина. Сепак, можни се и индиректните ефекти. Русија е меѓу најголемите извозници на енергија и метали во светот, додека Украина меѓу најголемите извозници на жито“ истакна гувернерката пред три дена на конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Белгија.

Повеќе: Методи Хаџи Јанев: Сериозни ефекти од руско-украинската криза

Украина и Македонија имаат склучено договор за слободна трговија уште во 2001 година, но и покрај малиот обем на трговија, увозот на полуфабрикати беше важен за македонските фирми од металургијата. Во изминатиот период основни точки на извозот од Украина во земјата беа црни метали, односно топло валани производи (околу 70%), бакарна жица (17), а останати групи на стоки во извозот изнесуваа помалку од 3%. Во извозот од Македонија во Украина доминираа суровиот тутун (43 %), машини и механички уреди за специјална намена (11%), електрични акумулатори (25 %), лекови (10%) и земјоделски производи околу 4%.

Во моментов нема анализа од надлежните институции на кои прозиводи/услуги достапноста би можела да им биде доведена во прашање, при радикализација на состојбите меѓу Русија и Украина. На вчерашната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина и единствено го задолжи Министерството за надворешни работи да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од РСМ при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.

Извор: дв

Back to top button
Close