Стравична сообраќајка вечерва во Македонија – автомобил проби банкина и слета во ендек (ВИДЕО)

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва во скопското село Ласкарци, при што, според првичните информации, три лица се здобиле со тешки повреди.

Според информациите објавени од „Тетова Сот“, кои се повикуваат на очевидци, автомобил под засега неразјаснети околности излетал од главниот пат и завршил на спореден пат во селото.

Во несреќата, според првичните информации, тешко се повредени три лица.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Надлежните преземаат мерки за утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Засега нема официјални податоци за идентитетот и точната здравствена состојба на повредените, ниту за причините за излетувањето на возилото.

Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на полицискиот увид.

Видео: Тетова Сот

Back to top button
Close