Стриктни санитарни мерки за вториот круг на општинските избори во Франција
За утрешниот втор круг на гласање за општинските избори во Франција предвидени се строги санитарни мерки, јави дописникот на МИА од Париз.

На влезот од гласачкото место е поставена табла со правецот на движењето при гласањето.

На гласачите им се ставени на располагање хидро-алкохолен гел и заштитни маски. Не смее да има никаков контакт меѓу гласачите и членовите на изборната комисија. Проверката на личната карта се прави без земање на истата од носителот.

На гласачкото место ќе може да гласаат истовремено не повеќе од тројца избирачи.

Се потсетува на потребата од почитување на бариерните мерки и заштитната маска се вади само по барање на комисијата.

Тајноста на гласањето е гарантиранa, но не смеат да се допираат завесите.


Гласачите се замолени да носат свое пенкало за потпишување по гласањето или стилото е само за една употреба.
Членовите на изборните комисии се заштитени со силиконски ракавици и заштитни маски.