Струјата се врати во Шпанија и Португалија по историскиот прекин – причината сè уште мистерија!

И во соседна Португалија, струјата е вратена во најголем дел од домаќинствата. Според јавниот сервис RTP, околу 95% од 6,5 милиони корисници повторно се приклучени на мрежата, повикувајќи се на операторот E-Redes.

EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Причината за прекинот сè уште не е позната

Милиони луѓе во Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија во понеделникот. Прекините ги нарушија комуникациските мрежи, семафорите престанаа да функционираат, а многу лифтови останаа заглавени.

Шпанскиот премиер Педро Санчес во обраќање во понеделникот вечерта изјави дека снабдувањето ќе се нормализира до вторник. Тој не го наведе конкретниот причинител на прекинот, но додаде дека ниту една можност не се исклучува

Back to top button
Close