Струга во мрак, стружани со свои пари менуваат светилки

 

Струга во мрак, стружани со свои пари менуваат светилки

Наместо општината, сопствениците на угостителски објекти и дуќани долж кејот на Црн Дрим во Струга, самоиницијативно со сопствени средства секој по 100 евра, ги заменуваат нефункционалните сијалици со нови, a постоечките канделабри се санираат и чистат. За Алсат велат „Решивме сами да ги замениме, да не остане кејот во темница за време на туристичката сезона“. Кога претходно се обратиле до општината, од таму им рекле дека пред септември, не е планирана замена на светилките.

„ Лед осветлување и осветлен е кејот сега. Претходно каква беше ситуацијата? Една светеше, две не светеа, една трепкаше“, рече еден угостител.

Стружани се жалат дека цели улици во градот се во темница и оти уличното осветлување не работи.

„ Расипани се, не управуваат навреме со нив. Цел град треба да е осветлен. Има ли улици во градот кои навечер не светат? Има да. Во првиот и третиот реон нема толку улично осветлување“, рече еден граѓанин.

„ Осветлувањето е многу лошо по улиците и кај зграрадите, Има кучиња, неможиш да гледаш ништо. Многу е страшна ситуацијата во градот Струга. Само што ќе доаѓаш од кај полицијата за во град, нема улично осветлување. Ова е жално за Струга што е вака“, рече еден граѓанин.

„Да, да има многу улици, каде не работат светлата“, додаде друг граѓанин.

На социјалните мрежи со фотографија од главната градска сообраќајница Партизанска, која е во темница, стружани ги повикуваат општинските власти да преземат акција. „Општина Струга, штом ќе се симнете од патот покрај езерото, нема осветлување, тотален мрак, дури и на почетокот на туристичката сезона“-пишува на објавата.

Прашавме во Општина Струга, кога планира да го реши проблемот, но одговор не добивме. Според информации на Алсат во тек е отпочнување постапка за склучување договор со приватен партнер за јавно осветлување, бидејки истекла важноста на претходниотдоговорот .При првиот обид за избор, поради одредени недоследности се доцни со постапката.

Back to top button
Close