Струмица под вода – поплавени улици, урнати дрвја…

Силното невреме што ја зафати земјава предизвика поплави и штети и во струмичкиот регион.

Поројните дождови поплавија повеќе улици во долниот дел на градот околу улицата „Младинска“, а под вода беа ни и повеќе подруми од куќи.

Силниот ветар урна и неколку дрвја.

Од села под планината Беласица има информации дека од градот настрадале посеви на отворено, а најмногу штети имало врз бостанот, јави МИА.

 

Спопред информациите од ТППЕ Струмица, тие досега имале осум интервенции и сите се за испумпување на вода од подрумските простории, а исто така интервенираат и екипи на „Комуналец“ на улици во градот.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов упати апел за смиреност кај граѓаните и ги повика тие што имаат поголеми штети предзвикани од невремето да ги пријават лично кај него или во Општината.

 

Back to top button
Close