Струмичанец ја избодел сопругата, откако претходно не успеал со шприц да и стави непозната течност во уста

Вчера во струмичко село бил уапсен 48-годишен жител. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата, соопштија од полицијата.

Мажот е задржан во полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

Back to top button
Close