Струмичанец осомничен за недозволено поседување кокаин
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен струмичанец, откако вчера при претрес во неговото возило е пронајден кокаин.
– Осомничениот, во својот автомобил со струмички регистарски таблици, во левото задно штоп светло, сокрил наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 10,31 грама, спакувана во три полиетиленски пакувања. Дрогата била пронајдена вчера, при претрес од овластени службени лица на наплатната рампа Миладиновци, се вели во соопштението од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот 46-годишен жител на струмичкото село Костурино
За лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.