Струмичките пожарникари стигнаа во Адана, се вклучија во пребарувањето на жртви од земјотресот

Тимот од осум пожарникари и еден преведувач, по поминати 2.200 километри, во раните утрински часови стигнал во Адана, Турција, каде веднаш се вклучил во пребарувањето на жртвите од катастрофалниот земјотрес.

Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, тие пристигнале безбедно и веќе работат на пребарување во урнатините.

Заедно со припадниците на AFAD, Република Турција,во градот Адана, кој е речиси целосно уништен, работат на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе. Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот, изјави Гудев.

Струмички пожарникари Адана

Тимот на струмичките пожарникари-спасители, специјално обучени за пребарување и спасување, кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при дирекцијата за заштита и спасување, треба да остане таму во наредните десет денови.

Инаку, според информациите од Адана, градкој има околу 270 илјади жители, бил скоро целосно разурнат од катастрофалниот земјотрес.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close