Струшкиот хирург Владимир Кочоски ја загуби битката со ковид-19
Уште еден здравствен работник ја загуби битката со ковид-19. Почина хирургот Владимир Кочоски од струшката болница, објави СДК.мк.
Шеесетгодишниот хирург-специјалист две недели се лечел од ковид-19 на скопската Инфективна клиника и по добиениот негативен тест, ден пред неговото пуштање дома, нагло му се влошила состојбата поради нарушените витални органи од опасниот вирус. Итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), но не успеал да се избори со компликациите што ги предизвикал вирусот.
Вчера, од компликации со ковид-19 почина и радиологот Поликсена Стојановска-Ѓоргиевска од Здравствениот дом во Ресен.