Стуб: Москва во преговорите користи „типична руска преговарачка тактика“
Претседателот на Финска, Александер Стуб во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“ (Fox News) изјави дека Москва во преговорите за завршување на војната во Украина употребува „типична руска преговарачка тактика“ односно намерно поставува неприфатливи барања.
– На почеток кажувате едно, а потоа почнувате да се повлекувате. Тоа постојано се случува, наведе Стуб.
Тој додаде дека е важно американската публика да разбере што значат руските територијални барања.
Ако го земете она што Путин го бара од Украина и го споредите со САД, тоа е малку како САД да се откажат од Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Вирџинија, дури и Мериленд и да создадат некаков суперавтопат што можете да го користите за напад врз Њујорк. Значи, тоа е сосема неприфатливо. Тој го знае тоа, но продолжува да го бара, наведе Стуб.