Студ, снег, дожд, пад на температурите – Синоптичарите објавија какво време нѐ очекува од понеделник

Утре времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање, а на планините и во некои од повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег.

Прогноза за 04.03.2024

Минимална температура: 0°C до 7°C

Максимална температура: 11°C до 17°C

 

Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

 

Прогноза за 05.03.2024

Минимална температура: 2°C до 9°C

Максимална температура: 6°C до 12°C

 

Претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа пообилни (над 25 l/m2), а на планини од снег. Врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

 

Прогноза за 06.03.2024

Минимална температура: 0°C до 5°C

Максимална температура: 10°C до 16°C

 

Променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец

Back to top button
Close