Студено утро со минусни температури, попладне до 14 степени

Утрово најстудено е во Берово со -7 степени, по што следуваат Крива Паланка со -5 и Скопје – Петровец и Демир Капија со -4 степени. Во Гевгелија, Прилеп и Тетово се измерени -3, а во Охрид, Виница и Крушево -2 степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Според УХМР, во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close