Студенти во блокада: Дијана Хрка не смее да остане сама

„Со оглед на бројот на полицајци на улиците и атмосферата во Пионирскиот парк во Белград , ги молиме сите присутни да не наседнуваат на провокации, да се грижат едни за други и да се движат во групи додека сите безбедно не се вратат во своите домови, се наведува во соопштението кое вечерва го упатија српските студенти во блокада, откако пред српскиот Парламент дојде до инцидент во кој учествуваа насобрани граѓани и поддржувачите на владејачката СНС во таканаречениот „Чациленд“.

Студентите вечерва имаа посебна порака до Дијана Хрка, мајката на Стефан, кој лани на 1 ноември загина при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а која денеска почна штрајк со глад пред српскиот Парлемент, потенцирајќи дека „таа не смее да остане сама“.

 

„Веруваме дека во овој момент најважно е таа да оди на безбедно. Доколку сепак одлучи да остане, важно е да има луѓе на кои им верува, за да има соодветна поддршка.

„Ние стоиме зад сите што одговорија со добра волја. Остануваме верни на ненасилните методи на нашата борба и ненасилството како основна вредност на нашето движење“, напишаа студентите во блокадата.

Back to top button
Close