Студенти заглавени во Велес – патничкиот воз не продолжил поради чекање друга композиција
Група студенти синоќа останале заглавени на железничката станица во Велес, откако патничкиот воз кој тргнал од Скопје кон Битола во 20:05 часот, застанал во Велес околу 21:50 часот и не го продолжил патувањето.
Патниците се нашле во незгодна ситуација и неизвесност, бидејќи било потребно да се префрлат од една композиција на друга која доаѓала од спротивен правец.
Како што сведочат некои од присутните во возот, не била дадена навремена најава ниту разјаснување за причината поради која доцни продолжувањето на патувањето.