Студентите ќе го блокираат Скопје, си ги бараат ветените пари од Владата

Студентите организирани во иницијативата „Студентски отпор“ најавуваат масовни протести и блокади на клучните сообраќајници во Скопје бидејќи, како што велат, ништо од ветуваното не им е исполнето. Тие најавуваат дека ќе го блокираат главниот град со секојдневни протести на сите булевари бидејќи Владата го проби рокот до 15 март што сама го задааде за исплата на стипендиите и студентскиот оброк.

Студентите се жалат дека преговорите во однос на новиот закон за студентски оброк се одвиваат комплетно нетранспарентно

„Нема никакви официјални информации во однос на тоа како би се одвивала зголемената исплата од неверојатни 140 денари на дневно ниво, иако моменталниот начин на исплата на средства е на сила до 15 март. Како што гледаме МОН се дрзна и овој самопоставен рок од 15 Март да го запостави. Мон преку својата континуирана негрижа за студентите и почитување на законските рокови ги принудува студентите повторно со протести и радикализација да си ги бараат своите права#, велат од Студентски отпор.

Од таму додаваат дека постојано се доцни со исплата на Субвенциониран студентски оброк.

„Според законот МОН е задолжен на секој 1-ви од новиот месец да исплаќа средства (околу 2500 денари) за претходниот месец, студентите минатата недела ги примија средствата за Јануари. Студентите кои се прв пат прифатени за стипендија немаат видено ниту денар, иако минатата година со исплата се почна во месец Ноември, а сега завлегуваме во месец Март. Континуирано се доцни со исплата на стипендии за студентите кои ја продолжуваат стипендијата – слична ситуација како со субвенционираниот студентски оброк. Реконструкцијата на студентските домови иако најавувана за 2023та година се’ уште не е започната“, велат студентите

Back to top button
Close