Студентите од приватните факултети бараат бесплатен градски превоз во Скопје

Студентите од приватните факултети, бараат да користат бесплатен градски превоз во Скопје, информираа денеска претставниците на студентските собранија на два приватни факултети. Претседателот на универзитетско студентско собрание, на Американ Колеџ Скопје, Филип Трајковски и претседателката на Универзитетското студентско собрание на Американскиот универзитет на Европа ФОН, Мила Петрушевска кажаа дека и на студентите од приватните факултети треба да им следуваат истите бенефиции и права како и на студентите од државните факултети. За нив нејасно е како им следуваат студентски оброк и останати права согласно Законот за високо образование, а се изземени од бесплатен градски превоз во Скопје.

-Според Законот за високото образование и студентскиот стандард истите права што ги имаат студентите од државните факултети ни следуваат и на нам, но кога е во прашање јавниот градски превоз, ние сме изземени. Уставниот суд во 2017 година донесе одлука со кое се изјасни дека нема уставност на одлуката во која се изземени студентите на приватните факултети, но за жал со таа одлука не можевме да направиме ништо бидејќи само испратија писма до Град Скопје и препораки да бидеме приклучени наредната година, што не се оствари, изјави Трајковски.

Заедно со претставниците на приватните факултети, студентите испратиле претставка и до Комисијата за спречување на дискриминација, а барање упатиле и до народниот правобранител.

-Моментално немаме обезбедено бесплатен градски превоз како што имаат студентите на државните универзитети. На сите граѓани и нам ни стојат на располагање различни правни лекови. Ги искористив во оваа состојба и поднесов претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Две претстави, бидејќи два субјекти прават иста дискриминацијата, Министерството за образование и наука и Град Скопје, бидејќи МОН не доделува средства одвојува само за студентите од државните универзитети врз основа на што подоцна Град Скопје донесува одлуки и има правно дејство, вели Петрушевска.

Студентите велат дека и онака плаќаат за патни трошоци кон Скопје, укажуваат дека месечниот билет од Куманово е само над 5.000 денари. Дел од нив, велат дека потекнуваат од семејства со пониски примања, токму како и Трајковски и Петрушевска кои воедно се и стипендисти на двата факултети.

-Излегоа многу коментари, споредби од студентите, на една хоризонтална линија на која сите сме еднакви пред Уставот и една вертикална линија каде што сите сме во различни финансиски состојби. Јас како студент на приватен факултет доаѓам од работничка класа семејство во Куманово, сум стипендист на тој факултет немам лични примања, така што во старт можам да ги побијам тие споредби што се прават. Има богати семејства студенти кои се на државен и приватен факултет. Ние студентите не треба да се делиме во такви сфери туку да се обединиме, вели Трајковски.

Back to top button
Close