Студентите во блокада: Белград и Нови Сад утре да бидат во целосна блокада
На профилите на студентите кои ги блокираат високообразовните институции во Србија, вечерва беше објавено дека поради полициска бруталност утре, 4 јули, Белград и Нови Сад да бидат целосно блокирани.
Во објава на Инстаграм, студентите во блокада ги повикаа граѓаните, ветераните, таксистите и земјоделците на целосна блокада на Белград во 7:00 часот наутро.
„Кога ќе престане почитувањето на Уставот и законите од страна на оние кои мора да ги заштитат, се мора да престане!“ напишаа студентите во блокада.
Во исто време, студентите на Факултетот за технички науки повикаа на блокада на Нови Сад од 6 часот.
Студентите во блокада и граѓани кои ги поддржуваат и попладнево – веќе петти ден – блокираат раскрсници и улици низ Белград и други градови во Србија