Студија: Девојките во Германија учеле повеќе за време на пандеммијата

Девојките во Германија учеле позасилено и повеќе време минувале на креативни проекти отколку момчињата за време на германската блокада поради коронавирусот, но и девојчињата и момчињата повеќе ги нервираат своите родители отколку пред затворањето на училиштата во март.

Просечното време на децата поминато за наставни активности се спуштило на 3,6 часа на ден, од 7,4-часовната норма, се наведува во студија на Институтот Ифо.

По повторното отворање на училиштата во наредните недели, истражувањето покажа дека 64 отсто од родителите веруваат дека нивните деца научиле многу помалку за време на пандемијата.

Во меѓувреме, времето поминато на гледање телевизија, играње компјутерски игри или користење мобилни телефони се зголеми на 5,2 часа на ден од четири.

Девојките користеле конзоли и телефони еден час помалку на ден од момчињата, но поминале половина час повеќе на учење, 20 минути повеќе на читање и креативна забава и 15 минути повеќе на социјалните медиуми.

Родителите го дуплирале времето поминато на помагање на децата во активности за учење на еден час на ден, покажа студијата, при што многумина од нив се расправаат повеќе од порано.

– Резултатите покажуваат колку е важно да се вратиме на нормалните часови во училиштата со следење на заштитни мерки, велат од Ифо.

Децата ќе мора да носат маски барем дел од времето и да се придржуваат до физичка дистанца.

Германија има релативно малку смртни случаи од Ковид-19, делумно благодарение на распространетите тестови и добро опремениот здравствен систем.

Но, во последниве недели, случаите на инфекција се зголемени, при што здравствените експерти укажуваат на пониско почитување на правилата за хигиена и дистанца.

Back to top button
Close