Студија: До 2100 година ќе се преполови населението на Италија

 Италија се соочува со драстичен пад на наталитетот на најниско ниво од создавањето на единствена држава на Апенинскиот Полуостров и се проценува дека населението на земјата би можело да се преполови до 2100 година. Тоа е наведено во студијата објавена во медицинското списание „Лансет“.

Населението на Италија достигна 61 милион во 2014 година, а според експертите, до 2100 година земјата ќе има население од 30,5 милиони.

Според најновите податоци на италијанскиот Институт за статистика, бројот на новородени бебиња во 2019 година е 420.000, што е за 19.000 помалку од годината претходно, а бројот на починати во 2019 година изнесувал 634.000.

Од 2014 година, Италија загуби 551.000 жители, колку што приближно има население во Џенова,, шестиот по големина град во Италија.

Back to top button
Close