Студија: Ретки се жариштата и случаите на Ковид-19 во англиските училишта

 Во училиштата во Англија во јуни потврдени се 67 случаи на Ковод-19 и 30 жаришта на заразата, покажуваат резултатите од најновото истражување на Институтот за јавно здравје за стапката на заразеност со Ковид-19 во образовните институции од првиот ден на нивното отворање на 1 јуни.

Во заклучокот од студијата се наведува дека се ретки жариштата и слуачите на новиот коронавирус во образовните институции во Англија.

Во текот на јуни бројот на деца кои посетуваа настава во училиштата зголемен е од 475.000 на повеќе од 1,6 милиони.

Во студијата се наведува дека постои голема поврзаност помеѓу регионалната стапка на инфицираност и бројот на жаришта во образовните институции, поради што е нагласено значењето на контрола на локалната трансмисија на Ковид-19.

Регистрираните случаи на зараза најчести се во основните училишта, каде новиот коронавирус е потвден кај 30 ученици и 37 вработени. Ниту едно дете не е хоспитализирано, а само еден учител е на интензивна нега. /

Back to top button
Close