Суарез потпиша за Гремио

epa10344697 Luis Suarez of Uruguay walks off the pitch after the FIFA World Cup 2022 group H soccer match between Ghana and Uruguay at Al Janoub Stadium in Al Wakrah, Qatar, 02 December 2022. EPA-EFE/Tolga Bozoglu

 

 Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (35) и официјално е нов член на Гремио, соопшти бразилскиот фудбалски прволигаш.

Суарез во редовите на бразилскиот клуб дојде без обесштетување, потпишувајќи договор до крајот на 2024 година.

„Еден од најдобрите светски напаѓачи е најново засилување на Гремио“, објави двократниот бразилски шампион (1981, 1996).

Суарез кариерата ја почна на 13-годишна возраст во Национал од Монтевидео, а во 2005 година се пресели во Европа и настапуваше за Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид.

Кон средината на 2022. се врати во Национал и му помогна на матичниот клуб да ја освои уругвајската титула

Back to top button
Close