Субвенции од државата за весниците

Печатените медиуми и оваа година ќе добијат пари од државниот Буџет, информираше Владата.

На денешната владина седница е усвоена Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2022 година.

Средствата, според предвиденото, ќе се користат за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми во насока на заштита на плурализмот во областа на медиумите, а корисници се печатените медиуми од општ информативен карактер, коишто објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања“, додаваат оттаму.

Back to top button
Close